Кливленд го продолжи перфектниот старт во НБА-лигата откако утринава на домашен паркет го совлада и Бруклин со 105-100. Кавс до 11-тата победа на 11-тиот натпревар ги предводеа Еван Мобли со 23 поени и 16 скока, додека Донован Мичел имаше 22 поени. Кливленд стана 12-тиот тим во историјата на НБА-лигата што ја стартувал сезоната со 11-0. Интересно рекордот за најдолга победничка низа на почетокот на една сезона ја има Голден Стејт со 24 победи во сезоната 2015/2016.
Лос Анџелес клиперс го победија Торонто со 105-103. Џејмс Харден имаше 24 поени со 12 скока, а Норман Пауел исто така реализираше 24 поени.
Чикаго ја прекина низата од четири порази по ред и славеше на гостувањето кај Атланта со 125-113. Тројца играчи кај Булс имаа по 18 поени, Никола Вучевиќ, Коби Вајт и Зек Левин. На последниот натпревар што се одигра синоќа Сан Антонио загуби на домашен паркет од Јута со 110-111.