Лос Анџелес лејкерс славеа со 123-116 против Феникс во рамки на НБА-лигата и тоа со фантастична игра во второто полувреме.
Во вториот период домашните имаа огромна негатива од 22 поени, но се вратија во третиот и четвртиот период, кога го свртеа натпреварот во своја корист. Ентони Дејвис имаше 35 поени за Лејкерс, Остин Ривс реализираше 26, а Леброн Џејмс постигна 21 поен. Кевин Дурент беше најефикасен кај Санс со 30 поени.
Интересно е тоа што Џеј Џеј Редик е првиот тренер на Лејкерс што ја отвора сезоната со две победи од два натпревари за прв пат уште од 1999 година, кога на клупата седна легендарниот Фил Џексон.
Милвоки загуби на домашен паркет од Чикаго со 122-133 и покрај 38-те поени на Јанис Адетокумпо. Голден Стејт ја отвора сезоната со две победи и двете остварени на гостински терен. Вориорс утринава запишаа уште еден убедлив триумф и тоа во Јута со 127-86. Бади Хилд со 27 поени и Стеф Кари со 20 беа најдобри во победничкиот состав.
На останатите натпревари Њујорк ја победи Индијана со 123-98, Филаделфија го запиша вториот пораз овој пат на гости кај Торонто со 115-107, а триумфи запишаа Атланта, Кливленд, Њу Орлеанс и Хјустон.