Кошарка Спорт

Феникс ја расипа забавата на Клиперс во новата арена (ВИДЕО)

Феникс славеше на гостувањето во Лос Анџелес кај Клиперс со 116-113 по едно продолжение во рамки на дербито во НБА-лигата.

Кевин Дурент со 25 поени и Бредли Бил со 24 ја расипаа забавата на домашните навивачи на отворањето на новата ултра модерна арена на тимот. Џејмс Харден имаше 29 поени со 12 скокови во редовите на Клиперс.

Во дербито на Источната конференција, Филаделфија без двете ѕвезди Џоел Ембид и Пол Џорџ беше немоќна пред Милвоки, кој славеше со 109-125. Бакс беа предводени од Демијан Лилард со 30 поени и Јанис Адетокумпо со 25, додека во редовите на Сиксерс најмногу се истакна Тајрис Макси со 25 поени.

Голден Стејт го прегази Портланд на гостински паркет со 139-104, а Бади Хилд со 22 поени и Ендру Вигинс со 20 најмногу се истакнаа кај Вориорс.

НА ОСТАНАТИТЕ НАТПРЕВАРИ:
Детроит – Индијана 109-115
Атланта – Бруклин 120-116
Мајами – Орландо 97-116
Торонто – Кливленд 106-136
Хјустон – Шарлот 105-110
Њу Орлеанс – Чикаго 123-111
Јута – Мемфис 124-126

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Младите шахисти ќе ги одмерат силите на „КВАЛИТЕТ 2025“

Дејан Дејан

Алкалоид ги распродаде картите за финалето со АЕК: Гостите доаѓаат со свои навивачи

Дејан Дејан

Тренерот и директорот на ФК Кожув суспендирани на две години од фудбалот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе