Вести Македонија Најважни

Пред кривичниот суд сведочеше мајката на убиената Вања Ѓорчевска

На киднапирање на Вања уште од првиот момент се сомневал нејзиниот татко Александар Ѓорчевски, без да ја каже причината за тоа, откри нејзината мајка Зорица која денеска сведочеше пред Кривичниот суд што се случувало кобниот 27 ноември, минатата година. Зорица ја расчисти недоумицата зошто класната раководителка и јавила толку брзо дека Вања ја нема на првиот час. Претходната вечер тие телефонски разговарале околу некоја книга која Вања ја позајмила на соученичка, која тврдела дека не е кај неа и се договориле проблемот да го разрешат утредента на првиот час. Но, кога Вања не се појавила веднаш ја известила Зорица, која кога увидела дека девојчето е недостапно го лоцирала нејзиниот телефон на Партизанска во близина на Силбо, по што го известила и Александар.

„Тврдеше дека Вања е киднапирана. Јас го прашав кој би направил такво нешто? Дали должиш пари на некој? Тој само одговори нема што друго да биде. И полицијата го прашуваше зошто мисли дека е киднапирана. Можеби ја идеализираше ќерката дека не би можела да избега.“ изјави Вања Ѓорчевска

Ѓорчевска пак се преиспитувала дали се скарала со Вања и дали и е лута за нешто, па можеби затоа избегала од дома или пак ја прелажал некој со кого комуницирала на интернет.

Владимир Туфегџиќ, адвокатот на Александар Ѓорчевски по рочиштето изјави дека исказот на Зорица само ја потврдил нивната теза  дека таткото нема никаква инволвираност во кривичното дело.

Зорица сведочеше и дека немала комуникација со Александар дека Вања ќе оди сама на училиште, но нејзината помала ќерка Миња тврдела дека го известила татко и дека првиот час нема да и се одржи.

Инаку Зорица продала стан во Аеродром за 83 илјади евра од кои и останале 30 илјади. Во нејзина сопственост има уште два стана во Скопје и еден во Охрид. Во станот на Наум Наумовски Борче со ќерките се преселила лани во септември, бидејќи таму тие сакале да живеат.

Марјан Витановски, бранителот на Љупчо Палевски Палчо ја праша Зорица дали го знае првообвинетиот, на што таа негативно одговори, иако знаела дека соработувал со нејзиниот татко за купопродажбата на станот на Наум Наумовски Борче и дека сите обврски биле подмирени за што и доставила уплатници во обвинителството. Воедно Зорица рече и дека немала сознанија дали Ѓорчевски и Палевски се познавале.

Сведочеше и Ана Киркова, една од ќерките на Панче Жежовски и нејзиниот сопруг. Таа откри дека Жежовски од претходно се познавал со Велибор Манев и дека имале меѓусебен спор пред многу години. Жежовски го ангажирал Манев да му го уреди дворот, незадоволен од работата не му ги исплатил парите во целост, по што завршиле на суд.

Палевски притоа ја праша Киркова дали нејзиниот татко се познавал со него.

„Не, татко ми не ми раскажуваше за неговите пријатели. Не контактирав со неговите пријатели. Не сте ми познати.“ изјави Ана Киркова ќерка на Панче Жежовски

Судењето продолжува в среда со сослушување на други сведоци. Палевски е обвинет за организирање на грабнувањата и извршување на убиствата, а како соизвршители се обвинети Влатко Кешишов,  Боре Видевски и Велибор Манев. Ѓорчевски се товари за помагање при грабнување.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

60 години откако беше обесен, Израел ги врати од Сирија предметите кои му припаѓаа на познат шпион на Мосад

Дејан Дејан

Сплит очекува тесна трка во вториот круг – СДП на пат да ја изгуби Ријека

Дејан Дејан

Првични резултати од анкетите во Романија: Дан води пред Симион

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе