Балкан Вести Македонија

Министрите за јавна администрација на Република Северна Македонија и Црна Гора на средба за поттикнување соработка

Министерот за јавна администрација на Република Северна Македонија, Горан Минчев и министерот за јавна администрација на Црна Гора, Мараш Дукај, во рамки на конференцијата во Љубљана, остварија билатерална средба со цел на зајакнување на соработката меѓу двете земји во областа на реформите во јавната администрација.

Како што информираат од Министерството за јавна администрација, на состанокот фокусот бил ставен на споделување искуства и најдобри практики во реформата на јавната администрација, доброто владеење и иновативните модели на управување.

Двајцата министри ја истакнале важноста од продлабочување и унапредување на соработката за подобрување на ефикасноста, транспарентноста и одговорноста на јавните услуги, кои се клучни приоритети за двете влади.

Министерот Минчев информирал за актуелните активности на Министерството во модернизацијата на јавните услуги преку дигитални алатки и тековните реформи насочени кон создавање поагилна администрација ориентирана кон граѓаните.

Тој ја нагласил потребата од регионални партнерства и потенцирал декa реформата на јавната администрација е камен-темелник на доброто владеење, и оти со споделување на знаење и експертиза со нашите црногорски колеги, може да се забрза модернизацијата на системите, да се подобри  довербата на јавноста и да се поддржи одржливиот развој.

Министерот Дукај ја поздравил можноста да се научи од реформските искуства на Република Северна Македонија, особено во областите на дигитализација и е-владеење.

„Црна Гора е посветена на спроведување на реформи кои ќе ја направат нашата јавна администрација поефикасна и потранспарентна. Нашата соработка со Република Северна Македонија е значаен чекор кон постигнување на овие цели“, истакнал министерот Дукај.

Министрите се согласиле да воспостават рамка за континуиран дијалог и соработка, која ќе вклучува заеднички работилници, програми за обука и размена на техничка експертиза во области како што се управување со човечки ресурси, дигитализација на јавниот сектор и иновации за испорака на услуги.

Двете страни ја изразиле својата посветеност за истражување на понатамошни области на соработка, како што се развојот на прекугранични е-услуги и промоција на иницијативи на отворена влада, за подобрување на регионалната интеграција и обезбедување подобри услуги за граѓаните.

Оваа билатерална иницијатива се очекува дополнително да ги зајакне односите помеѓу двете држави и да придонесе за нивната заедничка цел која остварува постигнување ефикасна, транспарентна и инклузивна јавна администрација.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи нови кадровски решенија по одлуката на Таравари

Дејан Дејан

Врховниот суд ја укина пресудата со 3 години затвор за Васил Јованов, но Кривичниот ја наведе како отежителна околност при изрекувањето на 12 години затвор за прегазувањето на Фросина Кулакова

Дејан Дејан

Петрески: Трошокот за општеството е поголем од унгарски кредит, бидејќи каматната стапка ја плаќаат даночните обврзници

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе