Вести Кошарка Спорт

Почина легендарниот НБА кошаркар Дикембе Мутомбо

Легендарниот НБА кошаркар и член на Куќата на славните Дикембе Мутомбо почина на 59-годишна возраст.

Мутомбо почина како последица на рак на мозокот кој му беше дијагностициран пред две години.

„Дикембе Мутомбо беше едноставно поголем од животот. На теренот тој беше еден од најголемите дефанзивци во историјата на НБА. Надвор од теренот допре до душата и срцата на сите и им помагаше на сите“, соопшти НБА лигата.

Роден во Демократска Република Конго, легендарниот Мутомбо настапуваше за Денвер, Атланта, Филаделфија, Њујорк, Њу Џерси и Хјустон. Неговиот број 55 беше повлечен од Денвер и Атланта.

Осум пати настапи на Ол-стар натпреварите, а четири пати беше прогласен за најдобар дефанзивец во НБА лигата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калас најави можност за надминување на блокадата од Бугарија, Мицкоски побара фер третман

Дејан Дејан

Трамп се закани со 50% царини за ЕУ и 25% за производите на Епл

Дејан Дејан

Куќен притвор за двајцата поранешни директори на Онкологија, Нино Васев и Нехад Нухи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе