Кошарка Спорт

Работнички без сила против Сутјеска на кам-бекот во АБА2

Работнички запиша пораз на домашен паркет од Сутјеска со 58-71 во рамки на првото коло од групата Б во АБА2 кошаркарската лига. Ова беше враќање на најтрофејниот македонски клуб во регионалното натпреварување по три години.

Уште во првото полувреме се виде дека „центарци“ немаат сили да му се спротивстават на гостинот од Црна Гора. По првиот период беше 16-22, а на паузата помеѓу полувремињата Сутјеска водеше со 16 поени разлика. Гостите ја имаа највисоката предност во третиот период и тоа од +26, а во продолжението од дуелот Работнички само успеа да го ублажи поразот на 58-71.

Дамјан Робев со 13 поени беше најефикасен во редовите на македонскиот тим, додека Михајло Јовичиќ имаше еден поен помалку. Коби Вебстер со 15 поени најмногу се истакна кај Сутјеска.

Во следното 2.коло во рамки на групата Б, Работнички на 8.октомври гостува кај фаворитот Војводина. За потсетување, МЗТ стартуваше со победа над Теодо во рамки на групата А, додека Пелистер својот прв дуел во регионалното натпреварување го игра на 1.октомври против Широки во рамки на групата Ц.

Фото: КК Работнички

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Младите шахисти ќе ги одмерат силите на „КВАЛИТЕТ 2025“

Дејан Дејан

Алкалоид ги распродаде картите за финалето со АЕК: Гостите доаѓаат со свои навивачи

Дејан Дејан

Тренерот и директорот на ФК Кожув суспендирани на две години од фудбалот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе