Ракомет Спорт

Продолжува лошата серија: 17-ти пораз по ред на Еурофарм Пелистер во Лигата на шампиони на ЕХФ

Еурофарм Пелистер продолжува со губитничката низа во ракометната Лига на шампиони и вечерва на гостувањето кај Динамо Букурешт го запиша третиот пораз сезонава, а вкупно 17-ти во низа сметајќи ја и минатата натпреварувачка година.

Македонскиот првак беше надигран со 34-25 во Букурешт во рамки на 3.коло до групата А. Динамо од минута во минута само го зголемуваше водството и во ниту еден момент од натпреварот не дозволи нашиот тим да се понадева на позитивен исход.

На полувремето Романците водеа со 19-13, а во вториот дел дојдоа и до највисоките +10 или 25-15, предност што ја имаа уште неколку пати во продолжението. Конечниот пораз на „пелистерци“ беше со девет голови разлика или 34-25.

Филип Кузмановски постигна девет голови за нашиот тим, додека Богдан Радивојевиќ реализираше шест погодоци. Никола Митревски на голот имаше 14 интервенции. Кај Динамо, најефикасен беше Миклос Роста со седум голови.

Во групата А, Динамо Букурешт и Спортинг Лисабон како најголеми изненадувања имаат максимални три победи од три натпревари. Пелистер во следното 4.коло на домашен терен го пречекува Спортинг на 9.октомври.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Алкалоид ги распродаде картите за финалето со АЕК: Гостите доаѓаат со свои навивачи

Дејан Дејан

Тренерот и директорот на ФК Кожув суспендирани на две години од фудбалот

Дејан Дејан

Манчестер јунајтед и Тотнем во битка за Лигата на Европа и „виза“ за Лига на шампиони

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе