Балкан Вести Македонија Свет

Борел им порача на лидерите на Западен Балкан: Членството во ЕУ е на дофат

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност – Жозеп Борел, на маргините на Генералното собрание на ОН одржа средба со лидерите на земјите од Западен Балкан, меѓу нив и претседателката Гордана Силјановска – Давкова, на кој меѓу другото им порачал дека членството во ЕУ за нив е на дофат, соопшти Европката служба за надворешни работи.

Во соопштението се вели дека европскиот шеф на дипломатијата ја истакнал важноста на добрососедските односи постигнати преку дијалог и компромис како суштински чекори кон интеграцијата во ЕУ.

Порачал дека мора да се донесат храбри, стратешки одлуки за да се унапредат европските аспирации. Борел и лидерите на Западен Балкан разговарале и за важноста од зајакнување на отпорноста, нагласувајќи ја потребата од стратешко усогласување со ЕУ со цел да се зачува регионалната стабилност.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД бараат од НАТО-сојузниците прифаќање на пет проценти од БДП за одбрана

Дејан Дејан

На пристаништето во Солун пронајдени 58 килограми кокаин

Дејан Дејан

САД и Саудиска Арабија потпишаа економски договор кој опфаќа енергетска и судска соработка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе