Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во говорот на седницата на Генералното собрание на Обединетите нации ги обвини западните земји за кршење на нормите на ОН. Тој повика на враќање на пропаднатиот кредибилитет на Обединетите нации, додавајќи дека мора да се запре политиката на двојни стандарди.
Според него светот е на работ на катастрофа во кој сите, божем, бранат принципи, никој не признава никаква грешка, а на сите им е јасно дека никој никаде нема принципи.
„Живееме во свет во кој никој никого не слуша. Таму се само нашите аргументи и нашата вистина, а другите мора да исчезнат бидејќи секогаш ги загрозуваат нашите или универзално изнудените вредности. Треба да разговараме, дури и кога не се согласуваме. Треба да го вратиме нарушениот кредибилитет и авторитет на Обединетите нации“, ијзави српскиот претседател Вучиќ.