Вести Македонија

Одбележување на 61 година од катастрофалниот земјотрес во Скопје – повозрасните граѓани се сеќаваат на кобниот ден

Поминаа 61 година од катастрофалниот скопски земјотрес што се случи во 1963 година, кога животот го загубија 1.070 луѓе, а 3.000 беа повредени.

„Се сеќавам и тоа многу добро. Живеев на 11-ти кат и кога почна земјотресот зградата се нишаше многу. Додека бевме горе во собите никој не мислеше дека ќе останеме живи. Почнавме да бегаме по скалите надоле. Немаше жртви во мојата зграда, но таа пред нас беше целосно срушена и многу жртви имаше“, раскажа жител.

Повозрасните граѓани кои го преживеале земјотресот, но и изгубиле членови на семејството, пријатели, познаници и домови сè уште го паметат тој кобен ден. Пред камерата на Телма се вратија наназад во времето и ги споделија тие страшни моменти. Се надеваат дека такво нешто веќе никогаш нема да се повтори. Сметаат дека градот сега изгледа сосема поинаку. Некои од нив мислат дека успеа да се врати убавината на градот, а дел, пак, со носталгија кажуваат дека никогаш нема да биде истиот град како порано.

„Никогаш нема да се врати убавината. Градот беше многу поубав во тоа време. Искрено да ви кажам мене не ми се допаѓаат овие објекти во однос на порано. Јас сум тука од 1951 година и мене повеќе ми се допаѓаше градот тогаш отколку сега“, заклучува жител.

„Да не се повтори, што да кажам. Сега Скопје е еден сосема поинаков град од оној што го знам од тогаш. Мислам дека направивте поубав град отколку што беше“, смета граѓанка. 

Земјотресот што го погоди Скопје е една од најкатастрофалните природни непогоди во Македонија.

„Застанатите стрелки на часовникот на скопскиот музеј со години сведочат за земјотресот од 1963 година“

Се случил во 5 часот и 17 минути, траел дваесет секунди со јачина од 6, 1 степен според Рихтерова скапа, а потоа следувале уште неколку помали потреси. Во катастрофата беа урнати 15.800 станови, а оштетени 28.000. По земјотресот со помош од точно 87 нации од светот кои испратиле некаква помош во Скопје и помогнале градот повторно да се изгради по урнек на проектите на Кензо Танге и Адолф Циборовски.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: „Вреди“ нема да остане со девет пратеници, четворица од Европски фронт ќе се приклучат кон мнозинството

Дејан Дејан

(Видео) Силјановска Давкова: Не го разбирам потегот на Таравари да излезе од влада

Дејан Дејан

(Видео) Сиљановска Давкова: Во понеделник наутро ќе го поднесам мојот предлог за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе