Спорт Тенис

Дејвис Куп репрезентацијата ќе игра против Словенија и Црна Гора

Македонската Дејвис Куп репрезентација ги доби своите ривали во рамки на Третата Европска зона на турнирот што ќе се игра во Улцињ од утре до сабота.

На денешната ждрепка нашата репрезентација се најде во групата А, а ривали ќе ни бидат носителот Словенија  и домаќинот на турнирот Црна Гора. Во Б групата ќе играат, Кипар, Молдавија, Азербејџан и Косово.

Македонскиот национален тим го сочинуваат: Димитар Грабул, Шендрит Деари, Берк Бугариќ и Амар Хусеиновиќ, а ги предводи селекторот Горан Шевченко. Македонија на ранг листата од Дејвис купот се наоѓа на 87.место. Од ривалите во групата Словенија е најдоброрангираната селекција од седумте кои ќе играат во Улцињ и се наоѓа на 64.место. Репрезентацијата на Црна Гора е домаќин и е рангирана на 93.место.

Пласман во Втората Евро-африканска зона ќе обезбедат двете првопласирани репрезентации од групите, како и победникот од бараж-мечот на второпласираните репрезентации . Од овој ранг ќе испаднат две репрезентации четвртопласираната од Б групата и поразената репрезентација од баражот на третопласираните репрезентации.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Фрапар ќе и суди на Струга ТЛ во Братислава

Desk

ФОТО галерија: Ракометарките поразени од Црна Гора, следува борба за пласман од 13 до 16 место

Дејан Дејан

Еурофарм Пелистер сместен во третиот сад пред жрепката за ЛШ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе