По повеќечасовната расправа, албанскиот парламент ја изгласа Резолуцијата „За продлабочување на реформите за добро владеење, спроведување на законот и антикорупција за Албанија во Европската Унија 2030″, предложена од владејачката Социјалистичка партија.
Гласаа 76 пратеници од владејачкото мнозинство, двајца опозициски пратеници беа против, додека останатите пратеници од опозицијата не гласаа.
Целта на ваквата Резолуцијата е да го зголеми владеењето на правото, да се бори против корупцијата и да го усогласи албанското законодавство правопропропорционално со Европската унија.
На донесувањето на резолуцијата се спротивстави опозицијата, која се изјасни дека е „Потсмев од страна на власта која е на власт 11 години” и оти “Корупцијата на владата на премиерот Еди Рама не може да се сокрие со резолуција”.
Премиерот Еди Рама во обраќањето на пленарната седница ја изрази својата решеност со ставот „Борбата против корупцијата нема да запре и оти предизвик е членството во ЕУ”.
„Оваа иницијатива произлегува од потребата за продлабочување на битката и го одразува предизвикот за патот кон ЕУ. Корупцијата е наследена рак рана а Социјалистичката партија е единствената политичка сила која има моќ да донесе промени и да се бори против корупцијата“, изјави Рама.
За време на неговото излагање, опозициските пратеници го бојкотираа со удирање на столчињата.