Вести Македонија Топ вести

Во престрелката на Пластичарска загина пејачот Амар Исмани  

(Фотографија извадена од видео спот) Во престрелката на Пластичарска која ноќеска се случила после полноќ загина пејачот и блогерот Амар Исмани. 29-годишниот Исмани бил застрелан и префрлен во болница, но лекарите не успеале да го спасат неговиот живот.

Во престрелката се ранети и Омар Бериша и Трим Асани. Двајцата се згрижени во болница каде им се извршени хируршки зафати и им се санирани раните од огнено оружје. Обвинителството изврши увид и во тек е истрага.

Според првичните информации, престрелката се случила на булеварот Никола Карев (Пластичарска) во Скопје после полноќ, а повредените се префрлени во Клиничкиот центар и на Хируршката клиника во старата Градска болница. Од болниците ги пријавиле ранетите во МВР.

Веднаш по пукањето, пристигнале и повеќе полициски возила, а од околните куќи притрчале и повеќе десетици луѓе. Пејачот Амар Исмани бил најтешко повреден и им подлегна на повредите во болница.

Исмани е млад пејач кој своите песни ги изведува на албански јазик, а имал соработка со пејачи и од Косово и Албанија. При гостувањата на медиумите истакнувал и дека е успешен блогер, а има и сопствен Youtube канал. Создавал и настапувал под името AMAR.

Престрелка на Пластичарска, еден загинат, двајца ранети

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Изборот беше тежок поради квалитетот на кандидатите, тврди претседателката Силјановска за предлогот, Славески да биде нов гувернер

Дејан Дејан

Претседателката го предложи претседавачот Славески за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Мицковски: Нека постапуваат надлежните за градбата во Прилеп

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе