Балкан Вести Свет

Уапсена претседателката на Антикорупциската комисија во Црна Гора поради сомнежи за злоупотреби со дневници и службени возила

Со лисици на рацете, покриени со палто, Јелена Перовиќ, претседателката на црногорската Агенција за спречување на корупција (тамошна Антикорупциска комисија) беше изнесена од зградата на институцијата која ја води поради сомнежи за злоупотреби со службени возила, дневници и прекувремени исплати. Вчера вечер таа беше однесена на сослушување во Специјалното обвинителство на Црна Гора.

Перовиќ е претседателка на Агенцијата од 2020-тата година и е на таа функција уште од времето на владеење на апсолутното мнозинство на Мило Ѓукановиќ. Претходно била претседателка на судот во Цетиње.

Нејзиното апсење за владеачките партии, противници на Ѓукановиќ кој се повлече од политичката сцена, е доказ за владеење на правото и борба против корупцијата на сите нивоа.

Од друга страна, адвокатот на Перовиќ оцени дека станува збор за монтиран случај во кој не се најдени докази.

Опозициската ДПС соопшти дека апсењето на Перовиќ покажува борба против неистомисленици кои не се по теркот на актуелната власт во Црна Гора. Обвинуваат дека власта и вршела притисоци на Перовиќ и се ободела незаконски да ја смени.

Пред апсењето, полициски службеници од специјализирано одделение за борба против корупција од рано наутро влегоа во просториите на Агенцијата и започнаа претреси со судски наредби.

Перовиќ се товари дека на себе и на најблиските соработници си доделила службени возила за постојано користење кои биле употребувани и за приватни цели. Со службеното возило, Перовиќ патувала и на новогодишна прослава во Љубљана во 2022/23.

Сомнителни се и исплатите за прекувремена работа и дневници кои директорката на Агенцијата си ги потпишувала сама на себе, но и на соработниците. За минатата година Перовиќ наплатила околу 20 илјади евра за свои активности, што е плус на нејзината редовна плата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ВИДЕО) Судот е мафија, таткото на Фросина за 12-годишната затворска казна за возачот кој ја прегази неговата ќерка

Дејан Дејан

Васил Јованов осуден на казна затвор од 12 години за смртта на Фросина Кулакова

Дејан Дејан

Русија прогласена за виновна за уривање на патничкиот авион на „Малезија Ерлајнс“ во 2014 година во кој загинаа 298 луѓе

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе