Вести Македонија Најважни

Денеска продолжува седницата на надзорниот одбор на М-НАВ за избор на ново раководство

Седницата на надзорниот одбор во македонска навигација за смена на раководството која почна вчера, продолжува денеска, а ќе трае се до комплетирање на целокупната документација, информираат од компанијата.

Одлуката за промена на раководството доаѓа  согласно насоките што ги даде владата на деветти јануари, а по инцидентот од 4-ти јануари кога група насилници влегоа во зградата на контрола на летање и физички се пресметаа со дел од вработените.

Заокружувањето на сите процедури се очекува да заврши следната недела.

За инцидентот на 4-ти јануари во М-НАВ, скопското обвинителство отвори истражна постапка против осум лица за кои постои основано сомнение дека како соизвршители сториле кривично дело-загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: По невремето нема пријави за повредени лица, само материјална штета

Дејан Дејан

Невреме со дожд и град во Скопје

Дејан Дејан

Високи претставници на ЕУ ги осудуваат санкциите на САД против МКС

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе