Вести Македонија Најважни

Д-р Софијанова: Бебето е донесено во многу тешка состојба

Бебето е приемно на Детската клиника во Скопје во исклучително тешка состојба, вели проф. д-р Аспазија Софијанова во Утринска на Телма, одговарајќи на прашањето што се случило со бебето кое почина на Детската клиника од сепса, а беше донесено од прилепската болница пред 1 недела.

Софијанова објаснува дека кога се раѓа бебето, и има жолта боја, докторите секогаш претпоставуваат дека станува збор за бебешка жолтица, но кожата на бебето може да е жолта и од некој друг инфект, кој стои во позадина, затоа треба внимателно да се набљудува.

  • Кога се раѓа бебето, треба внимателно да се набљудува, а оценката или апгар 10, ретко се дава. Првите реални оценки се 8-9, и оценката треба да ја даде неонатологот кој е присутен на пораѓајот, а што правеле колегите во Прилеп и дале оценка 10, не знам, вели д-р Софијанова.

Бебето кое почина може да добило сепса и од вагинална инфекција кај мајката, и поради тоа тој податок треба да се знае, и ако е така бебето се става на антибиотик во првите 48 часа, вели докторката. Додава дека вагинална инфекција е сериозен ризик кој може да доведе до фател исход кај новородените.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Минатогодишниот победник на Евровизија, Немо, ја отвори финалната вечер во венчаница и шубара

Дејан Дејан

Тишината погласна и од зборовите – кочанчани повторно испратија повик за неселективна правда

Дејан Дејан

Судир меѓу два хеликоптери во Финска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе