Вести Македонија

Со часови горел комунален отпад на „Дрисла“ – првичните информации се дека е подметнат

Горел комунален отпад и тоа со часови. Во првиот дел од депонијата „Дрисла“ близу до влезот, дел од отпадот утрово е претворен во пепел.

Надлежните истражуваат, а првичните информации се дека подметнувачи го предизвикале огнот на неколку километри од центарот на Скопје. Ова го соопшти директорот на Државниот инспекторат за животна средина, а треба да го потврди истрагата која е во тек, за што брифираат од полиција.

Пожарот бил силен и најпрво го гаселе вработени во претпријатието. Потоа се вклучиле и неколку возила од скопска Пожарна.

„Депонијата најверојатно е намерно запалена. По информација на директорот на ЈП Депонија „Дрисла“ пристапено е веднаш со информирање на противпожарната служба и Министерството за внатрешни работи. Со помошната механизација со којашто располага јавното претпријатие „Дрисла“, пожарот во 08:30 часот е изгаснат“ вели Сретен Стојковски, директор на Државниот инспекторат за животна средина.

Ова е втор инцидент на депонијата „Дрисла“ и тоа во само два дена. Вчера имало испуштање на исцедок од депонијата во Маркова река. Од акредитирана лабораторија земени се мостри, а потоа и ќе има соодветни мерки према правниот субјект, велат од Инспекторатот (ДИЖС).

Претходно од претпријатието депонија „Дрисла“ во допис до медиумите реагираа дека изминатите денови се шират лаги и невистини дека депонијата со своето работење го загрозува здравјето на граѓаните.

Според менаџментот на претпријатието, тоа било случај и откако беа споделени видеа на социјалните мрежи од пожарот.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: По невремето нема пријави за повредени лица, само материјална штета

Дејан Дејан

Невреме со дожд и град во Скопје

Дејан Дејан

Високи претставници на ЕУ ги осудуваат санкциите на САД против МКС

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе