Вести Свет Топ вести

(видео)Тешка сообраќајна несреќа на автопатот „Милош Велики“ во Србија

На социјалната мрежа Икс се појави вознемирувачко видео од тешката сообраќајна несреќа која се случила вчера околу 15:45 часот на автопатот „Милош Велики“ во Србија.
На снимката се гледа како автомобил „фиат пунто“ се движи во спротивна насока на автопатот и предизвикува директен судир со автомобил од другата насока. „Пунтото“ во истиот момент се запали, а според српските медиуми еден сопатник  загинал.
Додека пак другиот патник од „пунтото“ и возачот на дргугиот автомобил марка „хјундаи“ се пренесени во болницата во Земун.
Според коментарите на социјалните мрежи ова е популарна активност меѓу младите која се нарекува „српски рулет“.
Вознемирувачкото видео можете да го погледнете тука.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Високи претставници на ЕУ ги осудуваат санкциите на САД против МКС

Дејан Дејан

Предвремените избори во Холандија ќе се одржат на 29 октомври

Дејан Дејан

Заврши ли „љубовта“ меѓу Маск и Трамп?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе