Вести Македонија Топ вести

За утре најавен протест по наводите за криминал на онкологија

На социјалните мрежи група граѓани за утре најавуваат протест кој ќе започне во 18 часот пред Влада. Во повикот до граѓаните се вели целта е да се изрази револтот против криминалот кој со години се толерирал на Клиниката за Онкологија.

Според најавата на групата на Фејсбук протестот од Влада ќе продолжи пред Министерството за здравство каде ќе бидат побарани оставки и одговорност од сите министри за здравство!

Скандалот со кражбата на лекови на онкологија не смее да помине неказнето и повторно само кабелот да биде виновен!, стои во повикот за утрешниот протест.

– Не прифаќаме одговорност од најнискиот еншалон во Онкологија – бараме кривична одговорност за владините функционери!, се вели во најавата за протестот.

Еве и дел од барањата на организаторите на утрешниот протест:

– Бараме одговорност од министрите Венко Филипче, Беким Сали и Фатмир Меџити.

– Бараме одговорност од замениците-министри за здраство Илир Хасани и Маја Манолева.

– Бараме одговорност од поранешната директора на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Ирина Сотирова Бухова и актуелната директорка Рената Младеновска.

– Бараме одговорност од поранешниот организационен директор на Клиниката Нехат Нухи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Високи претставници на ЕУ ги осудуваат санкциите на САД против МКС

Дејан Дејан

Предвремените избори во Холандија ќе се одржат на 29 октомври

Дејан Дејан

Заврши ли „љубовта“ меѓу Маск и Трамп?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе