Нема да се појави недостаток на свинско месо, ниту има потреба од манипулации дека цената на свинското месо ќе се зголеми по појавата на африканска чума на најголемата фарма во карбинскиот регион, каде што треба да се уништат 9.000 свињи поради појавата на африканска чума, дециден е првиот човек на Агенцијата за храна и вететиранство, Николче Бабовски. Смета дека со уништувањето на деветте илјади свињи на македонскиот пазар ќе се изгуби вишокот на свинско месо, кој завршувал во преработувачката индустрија.
-Точно дека производството на домашно свежо месо, бидејќи нашата држава е увзоно независна ќе се осети мал, можеби мал недостаток. Затоа нема потреба од манипулирање со цени и зголемување на цените на свинското месо, бидејќи нашите производители на свинско месо ги задоволуваат потребите и остануваше одреден вишок, кој што одеше во преработувачката индустрија. е сега тој вишок ќе го изгубиме, вели Николче Бабовски директор на АХВ.
Како проблем и понатаму останува каде ќе биде локацијата за големата гробница за овие животни. Жителите на селата Таринци и Нов Караорман пред три дена не дозволија копање на јама, во близина на фармата и на индустриската зона, сметајќи дека ќе се предизвика еколошка катастрофа, загадување на подземните води и ќе влијае на нивното здравје. Општината претходно имаше две локации, кои не одговараат за оваа бројка на еутанизирани животни и на седница на Советот донесоа одлука јамата да се копа во близина на селото Горно Трогерци. Бабовски пак денеска вели дека инспекторите треба да одлучат која е најпогодната локација.
Бизнисот со одгледување на свињи врти околу 180 милиони евра. Земјава не е увозно зависни од свежо свинско месо, а лани имало околу 140.000 свињи, кои најмноу се одгледуваат во фармите , во штипско-карбинскиот, велешкиот, овчеполскиот, скопскиот и гевгелиски регион. По појавата на првиот случај во делчевското село Драмче за година и половина од африканската чума се уништени 3.500 свињи.
Викторија Јованова