Голем пожар денеска избувна во хангар од 800 квадратни метри во близина на складиште за нафта во Санкт Петербург.
На видео снимките на социјалните мрежи се гледа оган и густ чад, а се слуша и силна експлозија.
Руското Министерство за вонредни состојби објави видео од пожарникарите кои работат на местото на настанот.
Нема официјални информации за жртви.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.