Се зголемува бројот на заразени со корона вирусот во Србија: за 7 дена се потврдени 686 лица, односно по речиси 100 позитивни на Ковид19 се регистрираат секој ден во оваа соседна држава.
Евидентирано е зголемување има во однос на претходниот неделен просек, кога овој вирус бил дијагностициран кај 590 лица.
Зголемен е и бројот на тестирани луѓе. Во последните 7 дена тестирани се 4.705 лица, а во претходниот извештај 4.612 лица.
Досега нема починати, а во болниците во моментов нема хоспитализирани лица.
Граѓани кои се враќаат од престој во странство го носат овој вирус, предупредуваат лекарите!
„Во изминатите 15 дена короната повторно се разгоре, бидејќи граѓаните го носат вирусот од Грција, Црна Гора и другите земји каде што биле на одмор“, изјави за белградските медиуми специјалистот по општа медицина, д-р Драган Миљковиќ.
Тој додаде дека овој вид има очигледни симптоми на Ковид, но лекарите можат да го помешаат и со алергии! Како што појасни, високиот CRP настанува многу брзо, а пневмонијата брзо се јавува и дека најголемиот дел од пациентите се невакцинирани.
Според докторите кај вакцинираните лица болеста се манифестира со поблаги симптоми. Помладите имаат температура до 40 која трае неколку дена. Повозрасните граѓани имаат компликации, како и лицата со коморбидитети.
„Тестовите се целосно бескорисни, бидејќи овој вид е многу отпорен. Тоа е мутант кој тестот не го ни препознава. Допрва треба да се направи тест за овој сој на Ковид. Луѓето се тестираат и добиваат негативни резултати и ги имаат сите симптоми на Кови, но крвната слика и состојбата на белите дробови кажуваат дека не се работи за обичен грип или други респираторни вируси, велат докторите и советуваат секој што чувствува симптоми мора да направи Д-димер, ЦРП, крвна слика и ЛДХ“.
Новата варијанта на коронавирусот, Ерис, е идентификувана во Унгарија, објави во петокот Националниот центар за јавно здравје и лекови МТИ.
Оваа варијанта, позната како SARS-CoV-2 EG.5 (Eris) покажа значително зголемување ширум светот во последните недели, а Светската здравствена организација ја подигна оваа варијанта во категоријата „варијанти кои бараат внимание“.
Унгарските здраствени власти укажуваат дека, како и другите варијанти на омикрон, болеста предизвикува симптоми слични на грип – треска, главоболка, течење на носот, болки во грлото, болки во мускулите и зглобовите, слабост, но дека ризикот од сериозна болест е низок.