За жал ги има многу и брзо се шират особено на социјалните мрежи. За да се заштитат, сериозните компании нудат алатки за препознавање на лажните вести кои се пренесуваат во дигиталниот простор во форма на текст, видео или фотографија.
Нулта толеранција за лажни вести промовираа и Facebook, Twitter и Instagram, но и тие и останатите компании се во постојана трка кој ќе победи – Deepfake технологијата која постои веќе една деценија или компаниите.
Deepfake е развиена до тој степен да може да менува и цели фреjмови на видеата, тоа значи дека може да се менува лицето или говорот на оној кој е снимен, а дополнително со развојот на (Ai) вештачката интелигенција и примена на GAN алгоритми поединците можат и сами да генерираат видеа од познати личности и да вметнат говор кои тие го креирале.
Во 2017 Фејсбук понуди препораки како корисникот да препознае дали веста која е прикажува е манипулирана и точна, истиот пример подоцна ќе го спроведе и Twitter (односно Х).
Во борбата против лажните вести особено новинарите треба да ги знаат алатките за препознавање на лажните фотографии и видеа . За тоа ќе ви помогнат и следните линкови и фотографиите со упатства за линкови на оваа страничка .
https://www.google.com/imghp?hl=en
https://chrome.google.com/webstore/detail/reveye-reverse-image-sear/keaaclcjhehbbapnphnmpiklalfhelgf
https://truepic.com/truepic-vision/