Вести Македонија Топ вести

Поднесуваме оставки кои би биле ефективни во моментот кога опозицијата ќе ги изгласа уставните измени – министрите од ДУИ со писмо до Ковачевски

Министрите на ДУИ поднеле оставки кои ќе се ефектуираат кога опозицијата ќе гласа за уставни измени, потврдија за Телма министри од ДУИ.

„Ние, министрите и владините функционери од редовите на Демократската Унија за Интеграција поднесуваме оставки од функциите што во моментот ги извршуваме“, напишале министрите од ДУИ во писмо до премиерот Димитар Ковачевски.

„Оставките, премиере, автоматски, се ефективни во моментот кога опозицијата ќе ги изгласа уставните измени“, наведуваат министрите од ДУИ.

И министерот за надворешни, Бујар Османи кој е потретседател на ДУИ, вчера зборувајќи за уставните измени, рече дека понудата до опозицијата останува, ДУИ да излезе од влада, веднаш кога ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа за уставните измени.

Во продолжение, интегрално ви ја пренесуваме целата содржина на писмо на министрите од ДУИ во премиерот Ковачевски

Почитуван премиере, Димитар Ковачевски,

Сметајќи дека нашата земја, Република Северна Македонија, се наоѓа во критична фаза од нашата европска иднина,

Носејќи ја тежината на интеграциите како политичка организација во последните 20 години,

Сметајќи дека големите одлуки бараат одговорност како и политичко, национални и државно жртвување од страна на секој од нас,

Тргнувајќи од условувањето на опозицијата дека би гласале за уставни измени доколку Демократската унија за интеграција излезе од Владата,

Легитимно избрани согласно волјата на албанските гласачи,

Свесни за надежите и целите/соништата на граѓаните еден ден да станат дел од големото европско семејство,

Имајќи во предвид дека, Демократската унија за интеграција на чело со претседателот Али Ахмет, останува цврсто определена дека евроатлантските интеграции, за целосно полноправно членство како држава, покрај НАТО, така и во Европската унија, како и непрекинатото сојузништво со Соединетите Американски Држави, како цели, беа, се, и остануваат најголем интерес на сите наши граѓани, без разлика на нивната национална и верска припадност,

Ние, министрите и владините функционери од редовите на Демократската унија за интеграција, поднесуваме оставки од функциите што во моментов ги извршуваме!

Оставките, г-дине Премиере, автоматски ќе стапат во сила во моментот кога опозицијата ќе ги изгласа уставните измени.

Со почит,

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Омерагиќ: Кожув и Башкими оставија црна дамка во македонскиот фудбал

Дејан Дејан

Омерагиќ: Воска и Гостивар со своите постапки сами се исфрлија

Дејан Дејан

Таравари останува со три пратеници, замина и пратеничката Муса

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе