Вести Македонија

Екоактивисти со порака да не се замајува народ со отштети за Иловица, Шукова верува во позитивен исход за државата

Нека ве тужат, не одете на арбитража, и порача активистот против рудници, Ангел Наков од Спас на Гевгелија, на македонската влада. Тој вели дека на граѓаните треба да им се објасни дека арбитражата не мора да има по секоја цена и да не се замајува народот со превисоки отштети што би требало да се плаќат. Наков е убеден во успешноста на таквиот спор за државата, бидејќи целата постапка со рудникот Иловица според него е проткаена со криминал.

Министерката за животна средина Каја Шукова пак вели дека владата ќе се вклучи доколку се отвори арбитражна постапка за рудникот Иловица, но верува во позитивен исход за државата.

Од концесионерот Еуромакс засега не сакаат да ги коментираат последните случувања, како и повлекувањето на владината одлука за спојување на концесиите. Ќе почекале да видат како ќе се одвива целата постапка и по консултации во компанијата и правниот тим ќе одлучиле што ќе преземат за да ја заштитат инвестицијата,

 

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Минатогодишниот победник на Евровизија, Немо, ја отвори финалната вечер во венчаница и шубара

Дејан Дејан

Тишината погласна и од зборовите – кочанчани повторно испратија повик за неселективна правда

Дејан Дејан

Судир меѓу два хеликоптери во Финска

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе