Вести Економија Топ вести

Сивата економија „јаде” милиони од буџетот- Државата нема волја да го реши проблемот

Државата нема воља да  стави крај на работата на црно. Ова е впечатокот на бизнисот, кој со години апелира да се  реши проблемот. Според проценките поради сивата економија, која ја нарекоа мотор на корупцијата,  буџетот годишно губи околу една милијарда евра.  Во 21 век се уште се дели плата во плико, а на се повеќе места не издаваат ниту  фискални сметки.

  • Сведоци сме дека не се издаваат фискални сметки и се оди со пристапот, ќе ви ја намалиме цената за 20 отсто, ако не ви издадеме фискална сметка, вели Павле Гацов, даночен експерт.
  • Ако ја земеме 2022 година тогаш сивиот  дел изнесува 4, милијарди и 282  милијони евра, ако ја продолжите пресметката тоа е 1 милјарда и 280 милиони евра во државниот буџет, рече Зоран Јовановски, потпретседател на СКМ.

Првиот човек на најголемата комора во земјава Азески бара  УЈП наместо црна,  да објавува бела листа за да се види кој го полни буџетот и кој е одговорен, дури и во вакви трбулетни времиња.

  • Остава таков простор за нерамноправна борба. Тие субјекти кои плаќаат ги нема никаде, не може ни да се искажат, а тие што не плаќаат тие се главни и ние ги објавуваме овие, а другите ги криеме, вели Бранко Азески, претседател на СКМ.

Анализите покажуваат дека во земјава сивата економија изнесува над 33 проценти од БДП. Ова е далеку повисоко од европскиот земји каде изнесува околу 19 отсто. Бизнисот смета дека е крајно време да се најде решение на овој проблем кој ја јаде економијата веќе 30 години.  Затоа што кога недостасуваат пари во буџетот, повторно товарот го носат оние кои се најдисциплинирани, наместо да се натераат да плаќаат давачки оние кои тоа не го прават.

Ирена Чачкова 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тошковски: Се надеваме дека за краток период ќе се затвори истрагата за пожарот во Кочани

Дејан Дејан

„Алчноста ни ги уби децата“ – Нов марш за правда за жртвите во пожарот во Кочани. Семејствата незадоволни од истрагата

Дејан Дејан

Доларот во пад додека реципрочните царини меѓу Кина и САД без епилог

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе