Вториот ден од викендот ќе преовладува сончево и топло време, со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.Утринската температура ќе ср движи во интервал од 6 до 13, а дневната од 21 до 26°C.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност.
Информации од ова утро: 6.5.2023
МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ (во °С)
2 Лазарополе, 3 Попова Шапка, Маврови Анови, Берово, 5 Крива Паланка, Битола, 6 Крушево, Тетово, Скопје-Петровец, Охрид, Претор, 7 Демир Капија, Струмица, Штип, 9 Скопје-Зајчев Рид, Прилеп, Куманово, 10 Дојран, 11 Гевгелија.
Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo