Променливо облачно со повремен пороен дожд и појава на грмежи претежно во југоисточните делови. Локално можно е да има поинтензивен дожд особено на исток со количина над 15л/м² . Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Во Скопје променливо облачно со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од 6 до 12°C, а максималната од 13 до 19°C.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
1 Попова Шапка, 3 Лазарополе, 4 Маврови Анови, 5 Крушево, 8 Крива Паланка, Претор, Битола, Берово, 9 Охрид, Прилеп, 10 Тетово, 11 Скопје-Петровец, Штип, Виница, Куманово, Дојран, 12 Струмица, Гевгелија, Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија.
Наврнат воден талог за изминатите 24 часа до 8 часот (во л/м²)
7 Лазарополе, 5 Битола, 4 Гевгелија, Попова Шапка, 3 Маврови Анови, 2 Дојран, 1 Скопје-Петровец, Тетово, Пожаране, Охрид, Берово, Крушево, Куманово, Тополчани.
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo/