Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, кои ќе започнат во западните делови, каде ќе бидат и пообилни, а кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе се прошират насекаде. Ќе дува умерен, а во должина на Повардарието и во источните делови, повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Во Скопје, променливо облачно, доцна попладне и во текот на ноќта со врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец.
Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР
e-mail: [email protected]
https://www.instagram.com/telmameteo