Вести Македонија Најважни

Отказ и веројатна кривична пријава за тетовскиот гинеколог кој ги снимал пациентите и колегите а видеото го објавил на Тик Ток

Во полициска станица заврши лекарот кој снимал видео во кое се гледа лекарски персонал и пациенти на кои им се пружала помош во тетовската болница, на одделението за киретажа а беше објавено преку мрежата “Тик Ток”.

По пријава од директорот на болницата, Плумб Вела, дваесет минути пред полноќ полицијата го привела 43-годишникот, вработен како анестезиолог.

Министерот за здравство, Фатмир Меџити, информираше дека лекарот е отпуштен од работа.

Од Лекарската комора најостро го осудуваат инцидентот и велат дека итно ќе го испитаат случајот и во најкус рок ќе бидат свикани органите на Комората да го разгледаат случајот и да преземат активности и мерки.

Со Кодексот за медицинска деонтологија лекарите се обврзуваат дека професија ќе ја вршат совесно и одговорно, дека ќе го почитуваат човековото достоинство и правата на болните и ќе ја чуваат нивната доверба. Лекарската комора како самостојна и професионална организација на сите доктори на медицина во нашата земја продолжува да работи на заштита и унапредување на стручноста и етичките должности и права на докторите на медицина, но со критички однос кон сите оние кои го рушат достоинството, угледот и интегритетот на професијата, како дејност од посебен општествен интерес“ – соопшти лекарската комора.

Јавен обвинител работи на случајот и по негово документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.

Според неофицијални информации во ваков случај лицето може да се товари за кривично дело неовластено снимање.

Данијела Билбилоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Калас најави можност за надминување на блокадата од Бугарија, Мицкоски побара фер третман

Дејан Дејан

Трамп се закани со 50% царини за ЕУ и 25% за производите на Епл

Дејан Дејан

Куќен притвор за двајцата поранешни директори на Онкологија, Нино Васев и Нехад Нухи

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе