Uncategorized Вести Македонија Топ вести

ЦУП: Два милиони евра буџетски пари годишно се одлеваат за хонорари на членовите на управни и надзорни одбори во јавните претпријатија

Управните и надзорните одбори на јавните претпријатија и институции, без реално структурно управување и надзор. Далеку од очите на јавноста, на овие тела во околу 423 јавните претпријатија во државата, односно на околу 6.000 лица ангажирани во управните и надзорните одбори како надокнада за нивниот ангажман се одлеваат околу два милиони евра годишно буџетски пари. Извештајот на Центарот за управување со промени од следење на управувачките структури на институциите покажал дека дел од овие тела освен освен што ја чинат државата и не се транспарентни кон јавноста и не си ја извршуваат својата функција. Тоа е главно утврдено кај јавните претпријатија, здравствените установи или од областа на културата и образованието. Како пример, од 66 јавни установи од здравството само 30 пријавиле дека имаат годишен план за работа.

„Податоците покажуваат дека постои разноликост на тоа како е уреден начинот на плакање на надоместоците на овие членови, некои земаат паушали, некои земаат надомест по седница. Онаму каде што има надомест по седница бројот на седици е значително поголем, а бројот на точки на дневфен ред е значително помал од онаму кадешто овие функции земаат паушал“, вели Неда Малеска Сачмароска, Центар за управување со промени.

Ако во периодот 2015 – 2018 на членовите на управните и надзорните одбори во јавните претпријатија и институции биле исплатени околу два милиони и 500 илјади евра, проценката е дека сега тие ја чинат државата нешто помалку.

„Сега овие трошоци според нашата естимација е околи еден милион 900 илјади евр. Велам дека ова е естимација по бројот на членови и она што го гледаме колкави се надоместоците од оние кои што ни ги дале податоците“, вели Малеска Сачмароска.

Иако од Центарот испратиле прашалници до сите 423 институции со управни и надзорни одбори во земјава, одговор стигнал од 60 проценти од нив. Анализата на одговорите покажало структурни долгогодишни проблеми во овие институциите, во кои спаѓа и користењето на институтот в.д. директор и тоа во 40 кај проценти од нив. Според Малеска Сачмароска најчесто вршители на должност се именувани заради тоа што или не ги исполнуваат критериумите во делот на образование за да можат да конкурираат на оглас за вработување или не ги исполнуваат критериумот за познавање на странски јазик. Секако и политичките пазарења со раководните позиции во јавите претпријатија влијаат на крајната неповолна слика за нив. Решението смета таа е во реорганизацијата пред се на јавните установи кои вкупно се 920 во државава.

„Мора да се направи ревизија по сектори, мора да се воспостави мерит систем за селекција на директорите веќе долго време зборуваме за Законот за висока раководна служба, така што ќе биде навистина, кога ќе ја погледнете структурата и во однос на финансиите и управувањето, ќе разбереме дека навистина нешто мора да направиме за подобрување на функционирањето на институциите. Треба да се зјаканта механизмите за известување, наспрема што институциите направиле“, вели Малеска Сачмароска.

Инаку во земјава, како што покажало истражувањето, има јавни претпријатија кои имаа помалку вработени од членови на нивните управни и надзорни одбори, други имаа повеќе вработени од лица кон кои даваат услуги и вршат наплата за нив, но и институции каде директорите имаат помали плати од вработените.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Шкотска има нов премиер ,втор во рок една недела

Дејан Дејан

Огромна потреба од угостителски работници:Се нуди и парична награда од 300 евра за оној кои што ќе предложи некого за вработување

Дејан Дејан

Русија ќе произведува лимузини за Путин во старата фабрика на Тојота

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе