Вести Свет

Во Турција се апсат градоначалници од опозицијата која пак обвинува за политички прогон

Турските власти уапсија тројца градоначалници од редовите на главната опозициска Републиканска народна партија (ЦХП), јавуваат локалните медиуми.

Приведени се градоначалниците на Анталија, Адана и Адијаман, како и заменик-градоначалникот на истанбулскиот округ Бујукчекмеџе, во рамки на поширока истрага што трае од октомври минатата година.

Според обвинителството, уапсените се осомничени за изнуда, заедно со уште осум други лица.

Меѓутоа, ЦХП ги отфрла обвинувањата, оценувајќи ги апсењата како дел од политички мотивирана кампања против партијата, која веќе подолго време е во судир со власта на претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Ова е уште еден случај во низата апсења на опозициски функционери.

Во март годинава беше уапсен и градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу – еден од водечките противници на Ердоган – што предизвика масовни протести ширум Турција, најголеми во последната деценија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во касарната „Мирче Ацев“ во Прилеп беше промовирана новата артилериска опрема за Македонската армија

Дејан Дејан

Што барале непрописно паркираните службени возила на вицепремиерите Меџити и Фетаи, на полноќ и во близина на партискиот штаб на Вреди?

Дејан Дејан

Пензионерите кои протестираа за зголемување на пензиите се задоволни од најавата за покачување на пензиите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе