Спорт Фудбал

Градските ривали ја отвораат 23. рунда во ПМФЛ

Со дуелот меѓу Македонија ЃП и Работнички се отвора 23-тото коло во домашниот фудбалски шампионат.

По две недели пауза поради настапите на репрезентацијата, продолжуваат мечевите во Првата македонска фудбалска лига.

Колото почнува со натпреварот меѓу градските ривали Македонија ЃП и Работнички.

Домаќинот има одлична серија од пет меча без пораз и во продолжението од сезоната забележа само еден пораз и тоа на отворањето од вториот дел со Академија Пандев на домашен терен.

Од тој момент Македонија ЃП има низа од две победи и три нерешени резултати.

На спротивната страна Работнички на гостувањето во Ѓорче Петров посакува да ја прекина лошата серија од три порази, а последен пат на победа составот предводен од Милан Илиевски славеше нас Скопје со 4:0.

Почетокот на натпреварот е закажан за 15 часот. Останатите средби се играат утре, а на програмата се мечевите Струга – Академија Пандев, Брегалница – Тиквеш, Шкупи – Скопје и Шкендија – Победа.

ФОТО: Игор Паневски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Шкендија ќе ја прослави титулата со навивачите – ФФМ ја намали казната

Дејан Дејан

Карло Анчелоти и официјално на клупата на Бразил

Дејан Дејан

ФФМ почна постапка против седум членови на Кожув: Натпреварот ќе го истражува и Јавното обвинителство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе