Вести Македонија Најважни

Битолчани бараат „Правда за Јана“ – протест во траорна атмосфера, со многу солзи и тага

Во траорна атмосфера, со многу солзи и тага, вечерва битолчани протестираа за поддршка на родителите на малата Јана Христовска од битолско Кравари и побараа целосно да се открие вистината за смртта на  девојчето мое минатата недела почина по примена инфузија во битолската болница.

Граѓаните носеа транспаренти: „битолска болница селска амбуланта“ ; „Ако немаш пријател умри си“, како и маички со ликот на Јана. Порачаа никогаш и никому да не се повтори.

„Ова е протест за поддршка на родителите да излезе правдата на виделина, порака до Министерството за здравство и Обвинителството да си ја бркаат работата. Нас ни е страв децата да ги однесеме на болница“.

„На никој да не се  повтори, на ниту едно семејство“.

„Битола ја направија последен град во Европа. Се е катастрофа и здравството е катастрофа“ – изјавија граѓаните.

Протестот беше во организација на роднините и пријателите на родителите на Јана за да го свртат вниманието за состојбите во македонското здравство. Побараа оставки и одговорност за овој случај.

„Доста е комплетна нефункционалност на здравствениот систем. Бараме правда за Јана веднаш, оставки веднаш, реформи веднаш“ – рече Игор Петковски, организатор на протестот во Битола.

Родителите на малото девојче не дојдоа на протестот но испратија порака.

„Пораката од родителите Стојче и Христина: ние не можеме да ја вратиме назад Јана, но сакаме да спасиме други дечиња да не ја доживеат судбината на нашата мала Јана“ – ја пренесе пораката Петковски.

Јана Христовска  почина минатата среда на детското одделение во Битолската болница каде родителите ја однесоа со симптоми на блага настинка.

Тие  се сомневаат во лекарска грешка, затоа што по примената инфузија здравствената состојба на девојчето драматично се влоши и почина. Државниот здравствен  и санитарен инспекторат по вонредниот надзор не констатираше пропусти во третманот на Јана, а стручен надзор вчера изврши и Комисијата на Министерството за  здравство.

Обвинителството откако ќе го добие обудкцискиот наод и ќе ја комплетира медицинската  документација, ќе  донесе одлука дали ќе покрене обвинение за лекарска грешка во случајот со 6 годишната Јана.

Емилија Мисирлиевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Скопјанец осомничен за измама со фиктивна продажба на станови на кумановци

Дејан Дејан

Кој профитира, а кој губи од „раситнувањето“ на владината коалиција – Меџити го обвинува Таравари за предавство на промената

Дејан Дејан

Св. Петка без струја- ЕВН тврди приклучоци доведоа до пад на мрежата, граѓаните се правдаат не се виновни

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе