Вести Свет

Португалија го укинува ДДВ-то за 44 прехранбени продукти на шест месеци за да ја спречи инфлацијата

Португалија го укинува данокот на додадена вредност (ДДВ) за 44 основни прехранбени продукти за наредните шест месеци за да ја спречи инфлацијата, изјави португалскиот премиер Антонио Кошта.

Тој додаде дека мерката е дел од договорот потпишан со производителите и трговците со цел стабилизирање на цените. Кошта истакна дека договорот предвидува и планирана и финансиска поддршка за земјоделците и сточарите, во висина од 600 милиони евра.

Укинувањето на ДДВ за лебот, тестенините, оризот, млекото, јајцата, јогуртот, сирењето, маслото, путерот, месото и риба може да биде продолжена и по почетниот шестмесечен период, посочи Кошта.

ДДВ за тие храни сега е шест проценти. Предлог-законот сè уште не е усвоен во Парламентот, каде владата на Кошта има мнозинство.

Годишната потрошувачка инфлација во Португалија во февруари достигна 8,2 отсто, малку под 8,5 проценти забележани во еврозоната, чиј член е Португалија. Но, инфлацијата на храната неодамна надмина 20,1 отсто.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

САД бараат од НАТО-сојузниците прифаќање на пет проценти од БДП за одбрана

Дејан Дејан

На пристаништето во Солун пронајдени 58 килограми кокаин

Дејан Дејан

САД и Саудиска Арабија потпишаа економски договор кој опфаќа енергетска и судска соработка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе