Вести Македонија

ТЕЛМА открива: Како Австријците го купија казиното во Мериот и колку пари заработи фирмата на Мијалков и Ивановски

Според информации на Телма, на 23 ти Јануари станала правосилна одлуката за одмрзнување на парите за купување на казиното во хотел Мериот кои австриска фирма Новоматик ги има платено кон Дивелоп груп. Купопродажбата е заверена и во катастарот каде Новоматик односно нивната македонска фирма Макотен веќе се впишани како сопственици на казиното Фламинго во хотел Мериот.

12 милиони евра биле уплатени на фирмата Дивелоп груп која е номинален сопственик на хотелот Мериот уште во декември, а по отворена истрага на финансиско разузнавање и на обвинителството парите биле замрзнати. По проверката на легалноста на уплатените пари, обвинителството се откажало и дозволило одмрзнување на парите, дознава Телма.

Со парите за казиното, Мијалков врати кредит за спогодбата во Империја

Имотот на Дивелоп груп беше замрзнат во рамките на истрагите против Мијалков. По потпишаната спогодба со обвинителството за предметот Империја, обвинителството соопшти дека поради неможност да се наплати преку уделот на Мијалков, го одмрзнува располагањето со имотот на Дивелоп груп. Во моментот на купопродажбата на казиното не постоела правна мерка со која се ограничува располагање со Дивелоп или со хотел Мериот, и со имотот можело слободно да се располага и да се продава.

Токму затоа, на 7-ми декември фирмата Макотен ги уплаќа парите за зделката преку сметка во една банка, по што на 14-ти декември парите се префрлаат на сметката на Дивелоп во Комерцијална банка. Макотен го купува казиното Фламинго во Мериот кое дотогаш го користела под наем, а киријата ја плаќала на Дивелоп Груп. На 15 ти Декември Макотен веќе почнува постапка за впишување во катастар.

Од 12 милиони евра кои влегуваат на сметката на Дивелоп Груп,  5, 3 милиони задржува Комерцијална банка, која на Мијалков му дава кредит во иста вредност, а парите од тој кредит Мијалков ги плаќа како дел од спогодбата што ја направи со Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција за случајот Империја.

Во јули кога е склучена спогодбата, кредитот од 5, 3 милиони евра од Комерцијална банка е префрлен на сметката на Макпоинт ДООЕЛ Скопје, лична фирма на Сашо Мијалков и од таму си ги наплатува Обвинителството.

Обвинителството соопшти дека Мериот остана нечепнат

Во соопштението на Обвинителството по спогодбата стои и дека не е можно конфискување на удел од 46% на Сашо Мијалков во Дивелоп Груп-која е сопственик и на казиното и на Мериот, па хотелот останува нечепнат. Затоа обвинителството конфискува друг имот .

Според информации на Телма од обвинителството, 5,3 милиони евра кои од подажбата на казиното во Мериот ги задржува Комерцијална се врз основа на кредитот за спогодбата, а биле обезбедени со проширување на хипотеката која банката ја имала врз Мериот.

Неофицијално уште во јули австриската фирма Новоматок била заинтересирана за купување на казиното во Мериот.

Комерцијална банка го откупува и залогот од 3 милиони на Мериот од друга банка, а претходно го откупува и залогот во пропаднатата Еуростандард. Така со продажбата на Казиното, банката наплатила долг од 8,5 милиони евра, а останатите 3,5 милиони евра легнуваат на сметка на Дивелоп Груп, фирма во сопственост на Мијалков и Александар Ивановски. .

Финансиското разузнавање бара замрзнување на тие три и пол милиони отако претходно со истрага на обвинителството за  борба против организиран криминал  и корупција е утврдено дека не може да се замрзнат и останатите 8,5 милиони евра бидејќи трансакцијата е направена на 14-ти декември а истражните органи бараат замрзнување 5 дена подоцна, односно на 19-ти и 20-ти јануари.  .

Судот ги одмрзнува парите

Со одлука на судот на 16-ти јануари се одмрзнати сите средства. Судијката на претходна постапка Весна Димишкова носи решение со кое го уважува барањето на Обвинителот Трајче Пеливанов да се одмрзнат парите. Одлуката станува правосилна на 23-ти Јануари..

Обвинителството утврдило дека паричните средства за реализација на договорот за купородажба на казиното не потекнувале од кривично дело туку истите биле обезбедени законски од Новоматик кој е единствен содружник на Макотен и затоа барало укинување на мерката замрзнување.

Со оваа зделка , Макотен е сопственик и на казиното во Мериот, Комерцијална банка си ги врака парите кои му ги дала на Мијалков за да уплати кеш за спогодбата со обвинителството, а фирмата каде Мијалков има , една третина (32,5%)  Дивелоп груп  добива на сметка 3,5 милиони евра.

Дивелоп е во сопственост на фирмата Бест веј која пак е во сопственост на Јордан Мијалков, синот на Сашо Мијалков. Според соопштение на обвинителството од јули 2022-ра кога беше направена спогодбата со Мијалков за случајот Империја, семејството Мијалков има удел во Дивелоп од 46 % со проценета вредност од 3.546.778 евра.

Телма вчера од финансиско разузнавање во врска со овој случај доби одговор  дека ,, Управата во рамки на своите надлежности во субјектот, Комерцијална Банка АД Скопје има започнато вршење на вонреден надзор во поглед на поставеноста на системот на банката за спречување перење пари и финансирање на тероризам и колку истиот е во согласност со барањата коишто се пропишуваат со законот.“

Финансиско разузнавање врши надзор во една,

а не во сите 3 кредитори на Мериот  

-Напоменуваме дека надзорите коишто ги спроведува Управата се во согласност со годишната програма за вршење на надзор како и во рамки на координација со останатите надлежни органи и органи коишто имаат супервизорски овластувања и преставуваат тековни активност на институцијата“, гласи одговорот на Управа за финансиско разузнавање.

Од Комерцијална банка не споделуваа детали на нашите прашања поради деловна банкарска тајна. Од банката негираа дека попречувале постапка на УФР и ни одговорија дека соработуваат во надзорот кој се врши во банката. На истражители од финансиско разузнавање им биле дадени сите документи поврзани со зделката за казиното.

Според податоците во Централниот регистар, хипотеката врз имотот на „Дивелоп“ и хотелот „Мериот“ е издадена од четири банки – Комерцијална, Стопанска, НЛБ и пропаднатата Еуростандард. Банките даваат кредит од 25,45 милиони евра во 2011-та година пред да почне изградбата на хотелот „Мериот“. Сега најголем дел од преостанатата хипотека од над 20 милиони евра е впишана кај Комерцијална, а минимален дел имааат други две банки.

УФР врши надзор само кај Комерцијална банка, а не во сите 4 односно по згаснувањето на Еуростандард, три банки останаа доверители на Дивелоп и Мијалков. Сите банки учествувале во финансирањето на изградбата на Мериот во Скопје. Управата за финансиско разузнавање исто така е известена дека завчера  е констатирано дека парите за купување на казиното во Мериот не потекнуваат од казниви дела и се одмрзнати.

Р.Т.

Нова првостепена пресуда за „Титаник 2“ – Мијалков, Тачи и останатите обвинети добија по две години затвор

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: По невремето нема пријави за повредени лица, само материјална штета

Дејан Дејан

Невреме со дожд и град во Скопје

Дејан Дејан

Високи претставници на ЕУ ги осудуваат санкциите на САД против МКС

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе