Вести Свет Топ вести

Српската влада вечерва го усвојува барањето за враќање на војската и полицијата на Косово, Вучиќ се обраќа на јавноста

Српската влада вечерва ќе одржи седница, на која ќе присуствува и претседателот Александар Вучиќ, на која ќе се донесе одлука за враќање на војската и полицијата на Косово, по што е најавено обраќање на Вучиќ, јави допсиникот на МИА од Белград.

Како што најави Вучиќ пред пет дена, усогласен е текстот со кој согласно Резолуцијата 1244 Србија ќе упати барање до КФОР да обезбеди распоредување на српската војска и полиција на Косово.

Според медиумите, седница на владата е закажано во 20 часот, а Вучиќ ќе се обрати на јавноста на РТС во 21 часот. Во текот на денот, тој е во работна посета на Унгарија, каде со унгарската претседателка Каталин Новак е во обиколка на привремените гранични бариери на унгарско-српката граница.

Вучиќ, како што пренесуваат медиумите ќе ја соопшти одлуката на владата, а се очекува да ги каже и деталите од вчерашните разговори со специјалните пратеници на САД и ЕУ, Габриел Ескобар и Мирослав Лакчак.

САД не се согласуваат со испраќањето барање до КФОР, а нивниот специјален пратеник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, пред вчерашната средба со Вучиќ изјави дека САД категорично се противат на можноста за враќање на српските сили на територијата на Косово.

По средбата со Вучиќ, тој повтори дека САД „категорично го отфрлаат враќањето на српската војска на северот на Косово“.

  • Не треба да ја милитаризираме оваа криза. Не е време да се користи војската, време е да се користи дипломатија, дијалогот и компромисот, како и имагинацијата, да се замисли што носи иднината на регионот, рече Ескобар.

И Германија не го поддржува испраќањето на српската војска на Косово.

Шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок изјави дека враќањето на војската на Србија на Косово е неприфатливо.

Според Новости, во барањето на Белград за враќање на дел од војската и полицијата на Косово, детално се наведени причините зошто е неопходно доаѓањето на српските безбедносни сили, а со документот на командантот на меѓународната воена мисија Анџело Ристучи испратаени се шест детални прилози со податоци за заканите кон Србите и другите неалбанци.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: По невремето нема пријави за повредени лица, само материјална штета

Дејан Дејан

Невреме со дожд и град во Скопје

Дејан Дејан

Високи претставници на ЕУ ги осудуваат санкциите на САД против МКС

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе