Вести Македонија

Дали преку огранокот на СДСМ во Арачиново оди регрутирање на професионални војници во АРМ, армија на земја членка на НАТО?-обвинува опозицијата

Од ВМРО-ДПМНЕ реагираат и обвинуваат дека актуелната влада и партијата СДСМ вработуваат професионални војници по партиски клуч, откако вчера огранокот на СДСМ од Арачиново објави пост па го избриша во кој беше наведено дека секој заинтересиран за вработување како професионален војник да им се јави во штабот на партијата.

-Ова е дебакл за владата, за Ковачевски, за Петровска и за целиот нивен кабинет. Се срамам што овие луѓе ја претставуваат Македонија што треба да учествуваат на Самити на НАТО, се срамам што ја водат Македонија така едни неспособни, едни криминални луѓе што ја партизираат државата. Вработувањето на професионални војници со партиски повик со одобрување на претседателот на партиски огранок во случајов кој го фативме во Арачиново е пример како функционира СДС во последниве 5 и пол години и зошто од Македонија ете така кажано се иселени околу 700.000 луѓе. Ова е срам и блам за македонската армија, ова е доказ дека Социјалдемократскиот Сојуз партизира, се од чистачка до министер. Устата им е полна со стандарди и со НАТО, а огласите за професионални војници им поминуваат низ штабскиот филтер на огранокот во Арачиново. Срамота, рече Драган Ковачки, поранешен полковник во армијата и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Ковачки посочи дека сето ова е правено по насока на дезертерот Ковачевски и неговиот калфа Миле Зечевиќ.

Министерството за одбрана уште синоќа реагираше и негираше било какво партиско „регрутирање“ во професионалниот состав на армијата.

-Во врска со натписите во некои портали, а се однесуваат на објава на фејсбук профил на општинската организација Арачиново на политичката партија СДСМ ве информираме дека процесот на пријавување и селекција за конкурсот за прием на професионални војници се спроведува согласно професионални норми и стандарди и МО и Армијата не дозволуваат било какви партиски или друг вид на влијание. Во Армијата на Република Северна Македонија војниците кои ќе бидат примени ќе треба да ги исполнуваат сите професионални карактеристики пропишани на огласот. Најдобрите ќе бидат примени!, соопшти Минитерството за одбрана.

Министерството ги повика политичките партии да се воздржат од било какви притисоци или влијанија врз сегашните и идните припадници на Армијата. Армијата и служи на државата, а не на партиите.

Од СДСМ се оградија од објавата на партискиот огранок во Арачиново како злоупотреба на ФБ страницата спротивна на партиските и врдености и политики и ветија испитување и утврдување на одговорност за поставувачот на постот за „регрутација“ во АРМ.

-Армијата е за професионалци и нема простор за ништо друго. Пријавувањето и селекциите за конкурсите за професионални војници се спроведуваат по највисоки стандарди од страна на надлежна институција која нема никаква врска со ниту една политичка партија. По спроведените реформи во изминатите години, токму од страна на СДСМ, одлика на Армијата е професионалност и стручност по највисоки стандарди, за хшто сите ние сме особено горди. Впрочем, затоа и Ковачки веќе не е дел од Армијата, дезертираше и одбра да му служи како чирак на шпицниот градоначалник Мицкоски, соопшти СДСМ.

А на објавата на ФБ страницата на СДСМ Арачиново стоеше на албански јазик:

-Почитувани сограѓани, ве повикуваме сите кои што аплициравте на огласот на Министерството за одбрана за прием на војници во Армијата на Република … Македонија, кандидатите да се појават кај претседателот на огранокот во Арачиново или кај членовите на раководството на огранокот СДСМ-Арачиново.

Многу бргу по објавувањето на ФБ повикот на медиумите, СДСМ Арачиново го избриша постот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Без паника, не се пренесуваат лесно, мал е ризикот од епидемија – доктор Даниловски за мајмунските сипаници

Дејан Дејан

Украина треба да се откаже од границите од 2022 година – Залужни на форум во Киев

Дејан Дејан

Запленети 3,5 милиони евра во криптовалути, соборени околу 300 сервери – Европол урна голема хакерска мрежа

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе