Вести Македонија

Бодигард на Мицкоски оставил запалено возило на МВР, 13 часа пред продавница- тврди министерот Спасовски

– Едно од лицата за обезбедување на вашиот лидер зема службено возило и заборави дека го оставил 13 часа во погон пред една продавница. Обезбедувањето на лидерот на опозицијата заборавило во погон возило и за него беше појкрената постапка и беше казнет, гласеше дел од обраќањето на Спасовски кон пратеникот Драган Ковачки, кој во своето излагање наведе дека некои пратеници имаат, а лидерот на опозцијата нема физичко обезбедување.

-Нема да Ве прашам зошто на некои колеги пратеници им се доделува физичко обезбедување, а не му се доделува на лидерот на опизицијата кој секојдневно открива коруптивни скандали. Нема да ги откријам имињата на колегите од пристојност, истакна пратеникот Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

Министерот Спасовски рече дека вакво барање за службено обезбедување било доставено од ВМРО-ДПМНЕ, а потоа испратено до Агенцијата за национална безбедност да направи проценка дали е потребно физичко обезбедување за да се зачува неговиот интегритет под закани упатени на Фејсбук.

Полициско обезбедување се доделува на лице кое објаснува дека има безбедносен ризик по неговиот живот или да биде определено по претходна проценка за безбедноста на субјектот.

Што е преземено со полицаецот кој ги возеше министрите Бесими и Бектеши и на црвен семафор предизвика сообраќајка кај влада, прашува Ковачки

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: „Вреди“ нема да остане со девет пратеници, четворица од Европски фронт ќе се приклучат кон мнозинството

Дејан Дејан

(Видео) Силјановска Давкова: Не го разбирам потегот на Таравари да излезе од влада

Дејан Дејан

(Видео) Сиљановска Давкова: Во понеделник наутро ќе го поднесам мојот предлог за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе