Вести Македонија

„Ќосето“ во магацин, Арсовска без коментар дали и како ќе го враќа на постаментот

Го барале службите со месеци, но тој лежи со напластена прашина во магацините на поранешниот металски завод. Го острани нејзиниот претходник Петре Шилегов, а сега најавите на градоначалничката Данела Арсовска е дека Јордан Андон Лазов – „Ќосе“ можно е да е врати на постаментот пред Врховниот суд во центарот на градот.

Арсовска, ваквите најави денеска не ги коментираше бидејќи ги избегна прашањата од медиумите. Дали таа ќе ја донесе одлуката или ќе се повика на анкета или референдум останува неодговорено. Градоначалничката и претседателка на ЗЕЛС на празнувањето на јубилејот 50 години заедница на локалните единици во присуство на премиерот ги нагалси проблемите на оптшините во време на енергетска и еконосмка криза.

Фискална децентрализиација е формулата која ја бараат општините, а за неа зџелен осветло даде и владата. Повисока отстапка од ДДВ и персоналниот данок за буџетите на општините се дел до законските решенија кои ги понуди владата, а на ред е Собранието.

Додека стаса помошта од процентот од распределбата од државнито буџет и се наплати годишниот данок неколку општини веќе прголаси банкрот, и наместо од сопствени средства општините ги менаџираат со комерцијални банкарски кредити. Најпогодени од енергетската криза се помалите општини кои имаат мали буџети, а населни места од разбиен тип каде што мора да се одвива настава но и да се обезбдат услуги за граѓаните.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

60 години откако беше обесен, Израел ги врати од Сирија предметите кои му припаѓаа на познат шпион на Мосад

Дејан Дејан

Сплит очекува тесна трка во вториот круг – СДП на пат да ја изгуби Ријека

Дејан Дејан

Првични резултати од анкетите во Романија: Дан води пред Симион

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе