По празниците се очекува да почне нормално да функционира интернет страната на Бирото за јавни набавки. Првиот човек Борче Хаџиев за Телма, тврди дека не станува збор за хакерски напад, туку за поголем технички проблем, за кој било потребно повеќе време за да се санира.
Не очекува да има оштетување ниту на податоците во архивата, со оглед на тоа што со новиот закон за биро за јавни набавки , повеќе нема документи во хартиена форма. Но сите тендери, ќе бидат пролонгирани за една недела. До нив пристигнале и реакции од компании кои се пожалиле дека не можат да учествувата на јавна набавка.
Сајтот на бирото на кој се објавуваат тендерите, како и склучени договори со државни иснитуции не работи веќе петти ден. Од Бирото потврдија дека ова е прв пат толку време овој сајт да биде надвор од фунцкија.