Вести Македонија Најважни

Двајца од осомничените за убиство на Тот во притвор, партиите се испокараа со кого бил близок првоосомничениот кој е во бегство

Момчето и девојката кои до смрт го претепаа хрватскиот ракометар, ќе чекаат судење во Шутка. Главниот виновник, нивниот другар, Анџело Ѓорѓиевски, кој избега истата вечер, се` уште е во бегство.

За обвинителите доказите се неспорни, а постои и снимка, од која се гледа дека, кобната ноќ, околу 3 часот и 30 минути пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, дошло до расправија помеѓу Денис Тот и тројцата осомничени, при што тие го нападнале и му нанеле повеќе удари со боксови и клоци, по што тој паднал во бессознание.

Обдукцијата покажа дека смртта настапила насилно, а првичната изјава на директорката на Карил, дека на телото нема видливи знаци на насилство, што подоцна беше пренесена и од МВР, предизвика забуна и бројни шпекулации.

Денеска повторно се огласија од Карил, со тврдење дека на телото немало видливи повреди.

Примен е во Ургентниот центар без срцева акција и знаци за живот, по што дежурните лекари се обиделе да го реанимираат.

По половина час е воспоставена срцева акција и направена е компјутерска томографија на целото тело.

Повикани биле и екипи од Неврохирургија, од абдоменална хиругија, торакална и трауматологија за да се изјаснат по однос на наодот од компјутерската томографија.

Подоцна е  префрлен на Карил, но починал околу пладне, по неколку дополнителни реанимации.

За да се разрешат дилемите, Министерство за здравство соопшти дека  Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за постапката за прифаќање и третман на младиот ракометар.

Во меѓувреме, партиите се испокараа во чии редови е убиецот? Опозициската ВМРО ДПМНЕ отвори дилема, дали МВР му дале простор да избега затоа што е припадник на нарко-картел близок до министерот Спасовски од СДСМ?

Социјалдемократите, пак, нашле негова слика со партискиот лидер Мицкоски и обвинија дека ВМРО ДПМНЕ си ја ишкаат мувата од капата, прашувајќи дали избеганиот е нивни поддржувач и активист?

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Македонија во чест на Св. Кирил“ – Сиљановска-Давкова во посета на Италија и на Ватикан

Дејан Дејан

Променливо облачно и нестабилно – Временска прогноза за 24.5.2025

Дејан Дејан

Почеток на нова ера во односите со Македонија – британската Амбасада за договорот на партнерство меѓу Лондон и Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе