Вести Економија Македонија Топ вести

УПОЗ: 95 проценти од институциите не исплатиле минималец- четврток и петок два часа нема да работат судовите, државните управи, министерствата, агенциите

Вработените во судовите, министерствата, државните управи, агенции- во четврток и петок од 10 до 12 часот  нема да работат. Ќе протестираат на работните места со двочасовен прекин на  работата во знак на револт, што владата не ги ни сослушала нивните барања. Велат 95 проценти од институциите исплатиле плата под минималецот од 18.000 денари, а другите 5 проценти или не исплатиле или исплатиле плата со грешки. Бараат исплата на минимална плата за сите и усогласување со минималецот за останатите  вработени – односно повисоки плати за  2.806 денари.

Она за што предупредувавме во минатиот период се оствари. Скоро во сите институции во управата и правосудството на вработените не им се исплаќа минималната плата. До сега над 95 проценти од институциите продолжуваат со исплата на плата под минимална плата. Останатите 5 проценти, дел не знаат што да прават, па не ни ја спремаат платата, а оние што се потрудиле да исплатат минимална плата направиле катастрофални грешки во исплатата на истата.-изјави Трпе Дејаноски, претседател на УПОЗ

Дејаноски смета  дека повторно само вработените во управата и праводуството се единствените кои земаат плата под минималната, а тоа го зголемува незадоволство кај нив. Вели неразбирливо е како државата сама не си ги почитува законите кои што ги носи. Прашува и кој ќе одговара за тоа.

Кој ќе ја санкционира државата за непочитување на законите кои сама си ги носи. Каде се тука правдата и правичноста и дали некој ќе преземе одговорност за оваа ситуација.Како пример сакам да наведам, Министерството за финансии на 25.03 има распишано некоолку огласи за вработување, меѓу кои и оглас за вработување на референт писар. За ова работно место предвиден е паричен износ на плата од 14.909 денари. Ова значи дека Министерстовот за финансии свесно одлучува да го прекрши законот за минимална плата-изјави Трпе Дејаноски, претседател на УПОЗ

Протестот ќе трае се додека надлежните не ги повика на преговори и не падне договор за исплата на минималецот и усогласување и на останатите плати со него. Доколку барањата не се остварат,протестот ќа продолжи и наредните денови. Не ја исклучуваат можност и за генерален штрајк и протести на улица, доколку надлежните останат глуви на нивните барања.

Александра Филиповска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Изборот беше тежок поради квалитетот на кандидатите, тврди претседателката Силјановска за предлогот, Славески да биде нов гувернер

Дејан Дејан

Претседателката го предложи претседавачот Славески за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Мицковски: Нека постапуваат надлежните за градбата во Прилеп

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе