Вести Македонија Топ вести

ВМРО-ДПМНЕ обвинуваат за нецелосен попис, Левица најавија кривични пријави

Власта задоволна, опозицијата критикува и обвинува за фалсификат. За ВМРО-ДПМНЕ пописот е исполитизиран, со бројни прекршувања и нецелосен. Реагираат дека, резултатите требаше да бидат објaвени откако Државниот завод за статистика ќе ја дефинира припадноста на тие 132 илјади граѓани кои не се попишале, иако ги имаат сите можни документи.

За Левица ова е политичка операција изведена под палката на ДУИ, а одобрена од СДСМ. Реагираат дека, податоците од МВР за бројот на државјанства не се согласуваат со бројките од пописот, и најавија кривични пријави.

За владејачките партии пописот е и повеќе од успешен.

И лидерот на ДУИ е задоволен од резултатите. На фејсбук им честиташе на  институциите за завршената работа, пишувајќи дека бил нималку лесен предизвик, кој завршил успешно.

Далиборка Дамјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Омерагиќ: Кожув и Башкими оставија црна дамка во македонскиот фудбал

Дејан Дејан

Омерагиќ: Воска и Гостивар со своите постапки сами се исфрлија

Дејан Дејан

Таравари останува со три пратеници, замина и пратеничката Муса

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе