Премиерите на Чешката Република, Полска и Словенија во вторник ќе отпатуваат за Киев за да се сретнат со претседателот Володимир Зеленски како претставници на лидерите на Европската унија, објави чешкиот премиер Петр Фиала на социјалните мрежи.
„Целта на посетата е да се потврди недвосмислената поддршка на целата Европска унија за суверенитетот и независноста на Украина“, рече тој.
„Целта на оваа посета е исто така да се претстави широк пакет поддршка за Украина и Украинците“, додаде тој.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.