Вести Свет

На новинарката Овсјаникова и се закануваат до 15 години затвор

Руското Државно обвинителство поведе предистражна постапка против новинарката Овсјаникова, која синоќа упадна во програмата на Првиот канал на руската телевизија со антивоен транспарент.

Според неодамна усвоениот закон, на Овсјаникова и се заканува затворска казна до 15 години за ширење лажни вести за руски војници.

Овсјаникова веднаш по упадот во програмата е приведена, но и адвокатите не знаат каде се наоѓа таа.

Во синоќешното видео обраќање украинскиот претседател Володимир Зеленски, лично и се заблагодари на Овсјаникова.

Благодарен сум на Русите кои не престануваат да се обидуваат да ја кажат вистината и лично на девојката која во студиото на Првиот канал влезе со транспарент против војната. Тие кои не се плашат да протестираат додека вашата земја не биде затворена од светот. Треба да се борите, да не ја изгубите шансата, истакна Зеленски.

На транспарентот на Овсјаникова пишуваше „Не за војна, прекинете ја војната, не верувајте во пропагандата, овде ве лажат“, таа исто така и извика „Не за војната, сопрете ја војната“, а потоа програмата беше прекината.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Состаноци наместо преговори во Истанбул – прво Турција, САД и Украина, а потоа Турција, Русија и Украина

Дејан Дејан

Меџити: „Вреди“ нема да остане со девет пратеници, четворица од Европски фронт ќе се приклучат кон мнозинството

Дејан Дејан

(Видео) Силјановска Давкова: Не го разбирам потегот на Таравари да излезе од влада

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе