Вести Свет

Британски министер: Планот на Русија пропадна, Путин е многу фрустриран

Шефот на британската дипломатија Џејмс Клеверли изјави за Би-Би-Си дека рускиот „план за напад не функционира“.

„Тоа требаше да биде многу лесно, требаше да биде некаква молскавична војна во која руските војници ќе ја преплават Украина“, рече тој.

„Наместо тоа, она што го гледаме е жестока одбрана на Украинците, што е неверојатно фрустрирачко за Владимир Путин“, вели Клеверли.

Запрашан дали војната би можела да заврши до мај, како што сугерираат некои украински официјални лица, Клеверли вели дека е „неверојатно тешко“ да се даваат такви предвидувања, но Британија мора да се погрижи Путин да не успее во Украина.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Даунинг Стрит 10: Партнерството го отсликува се подлабокото пријателство помеѓу двете земји

Дејан Дејан

Секое планирање во енергетиката мора да биде долгорочно, вели Божиновска

Дејан Дејан

Божиновска: Ќе се зголеми производството и ќе се намали цената

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе