Вести Свет

Дваесет украински деца болни од рак транспортирани во Британија

Дваесет Украински деца болни од рак пристигнаа во Велика Британија за да можат да го продолжат лекувањето таму.

Британскиот министер за здравство Саџид Џавид рече дека на 21 дете ќе им се пружи најдобрата можна грижа во болниците низ земјата. Децата и членовите на нивното потесно семејство пристигнаа со итен лет организиран од британските власти во неделата, на барање на полските власти.

„Горд сум што Обединетото Кралство нуди здравствена заштита што може да ги спаси животите на украинските деца кои се протерани од нивните домови поради руската инвазија додека се лекуваат. “, рече Џавид.

Стотици Украинци повеќе не можат да се лекуваат

Поради војната во Украина, стотици Украинци повеќе не можат да се лекуваат. Руските сили нападнаа голем број градови, а болниците сè повеќе немаат залихи. Голем број болни деца биле пренесени во Полска, а властите на таа земја побарале помош за да им ја обезбедат сета потребна здравствена заштита.

Педијатриски онколог од Полска изјави за Би-Би-Си дека повеќето од децата кои пристигнале во нејзината болница се во опасна по живот состојба. Унгарија нуди бесплатни вакцини против Ковид на украинските бегалци, а Словачка обезбедува бесплатен третман за оние со коронавирус, јавува Би-Би-Си.

Романија ги испрати своите медицински тимови да ги тестираат украинските бегалци и да им овозможат можност да се вакцинираат против Ковид. Молдавија нуди и бесплатна вакцина за оние кои избегале од Украина.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: „Вреди“ нема да остане со девет пратеници, четворица од Европски фронт ќе се приклучат кон мнозинството

Дејан Дејан

(Видео) Силјановска Давкова: Не го разбирам потегот на Таравари да излезе од влада

Дејан Дејан

(Видео) Сиљановска Давкова: Во понеделник наутро ќе го поднесам мојот предлог за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе