Вести Свет

Активисти ја окупираа вилата на рускиот олигарх Дерипаска во Лондон

Четворица активисти денеска ја зазедоа запленетата вила на рускиот олигарх Олег Дерипаска во Лондон и објавија дека имотот ќе се користи за поддршка на украинските бегалци.

Британската Влада го замрзна имотот на Дерипаска минатата недела, откакоа ги прошири санкциите кон богатите Руси и компании со цел да изврши притисок врз претседателот Владимир Путин да стави крај на инвазијата на Украина.

Во соопштението за санкциите, Дерипаска е идентификуван како истакнат про-Кремљ олигарх кој е тесно поврзан со Путин.

Активистите развиориле украински знамиња и транспарент, на кој пишувало „Имотот е слободен“ на балконот на вилата на Плоштад Белгрејв број 5, каде главно се сместени странски амбасади и куќи на богаташи од целиот свет.

Со окупација на вилата сакаме да покажеме солидарност со народот на Украина, но и со народот на Русија кој никогаш не се согласи на ова лудило. Како и секогаш со војните, империите имаат корист, а обичните луѓе ја плаќаат цената, соопштија активистите.

Британија е критикувана за бавното воведување санкции против богатите Руси кои го преплавија Лондон во изминатите 30 години и ја поттикнаа градската економија.

Американската влада го санкционираше Дерипаска во 2018 година, тврдејќи дека им помага и ги поддржува руските „злобни активности“ низ светот. Во документите за санкциите на САД е наведена и адресата Плоштад Белгрејв бр.5 во Лондон како имот на Дерипаска.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: „Вреди“ нема да остане со девет пратеници, четворица од Европски фронт ќе се приклучат кон мнозинството

Дејан Дејан

(Видео) Силјановска Давкова: Не го разбирам потегот на Таравари да излезе од влада

Дејан Дејан

(Видео) Сиљановска Давкова: Во понеделник наутро ќе го поднесам мојот предлог за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе